Порошенко: Русија создава нови поделби во Европа
Русија први се што е во нејизна моќ да предизвика поделба на Европа, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко во обраќање на холандскиот универзитет Лејден.
- Многумина мислат дека тогаш кога ќе се решат работите во Украина, состојбата во Европа повторно ќе биде онаква каква што беше порано. Но, очигледно тоа се само желби, имајќи го предвид однесувањето на Русија. Руската агресија на Крим и Донбас не само што ја наруши европската доверба, туку создаде и нови линии на поделба во Европа, изјави Порошенко.
Како што јави Укринформ, Порошенко оцени дека Русија „апсолутно не ги почитува“ основните европски вредност, како што се единството и неповредливоста на гранците.
- Не станува збор само за недоразбирања меѓу Русија и Западот околу иднината на Европа. Русија и Западот имаа сосема различни концепции на тој план. Западот сака да создаде зона на доверба, додека Русија сака да создаде зона на влијание, заклучи Порошенко во обраќањето.
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел