Пораз на македонските репрезентативци од Израел
Фудбалската репрезентација на Македонија иако одигра добар натпревар против Израел на „Филип Втори“, сепак со пораз ја напушти Националната арена и остана без бодови по две одиграни кола во квалификациите за пласман на СП.
Иако потајно се надевавме дека најпосле ќе биде ставен крај на црната серија без победа, квалификациската пресметка на националната арена “Филип Втори” против селекцијата на Израел, заврши со минимален триумф на гостинот од 2:1.
И покрај одличната игра и создадените шанси во првиот дел, особено на Пандев кој промаши чист зицер при 0:0, Израел сепак со убедливи 2:0 го доби првото полувреме. Стрелци на погодоците беа Томер Хемед и Тал Бен Хаим, а особено наивно беше примен вториот гол кога Бен Хаим ја измеша нашата одбрана и голманот Богатинов.
Избраниците на Игор Ангеловски заиграа поангажирано во второто полувреме и сигурната предност на гостинот на намалија со погодокот на Илија Несторовски, а во судиското продолжение, поточно во 94 минута, повратникот во националниот тим, Адис Јаховиќ, промаши удар од белата точка.
После две одиграни кола во групата “Г”, Македонија е на претпоследната позиција со ниту еден освоен бод, додека лидерската позиција е во сопственост на Албанија која веќе освои шест бода.
Резултати: Македонија – Израел 1:2, Италија – Шпанија 1:1, Лихтенштајн – Албанија 0:2. Табела: Албанија 6, Шпанија 4, Италија 4, Израел 3, Македонија 0, Лихтенштајн 0 бодови.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп