Свет
11. November 2017 - 9:02

Пораст на радиоактивност во Европа поради инцидент во Русија

Француската агенција за нуклеарна безбедност верува дека помал инцидент во една руска постројка изминатиот период предизвика пораст на радиоактивноста во воздухот над Европа.

Се претпоставува дека „можна зона на емитување“ радиоактивност била помеѓу реката Волга и планината Урал.

Рутениум

Институтот за радиолошка заштита и нуклеарна безбедност соопшти дека присуството на изотоп на рутениум 106 не претставува здравствена или еколошка опасност. Но, Агенција за нуклеарна безбедност предложи да се провери храната увезена од тој регион.

Рутениум

Во вчерашното соопштение на Француската агенција за нуклеарна безбедност, засновано на набљудување во повеќе земји, истакнува дека изотопот на рутениум потекнува од инцидент со нуклеарно гориво или од производство на радиоактивен материјал.

Најголемата радиоактивност е измерена кон крајот на септември и почетокот на октомври, но повеќе не може да се регистрира во атмосферата.