Пораст на прометот на трговијата на мало минатата година
Прометот во трговијата на мало изминатата година номинално бележи пораст, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст е забележан во групите Трговија на мало со непрехранбени производи и Трговија на мало, освен горива. Пад реално има во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, Трговија на мало со непрехранбени производи, Трговија на мало, освен горива и Трговија на мало со моторни горива.
- Индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговија на големо и трговијата на мало во форма на номинални и реални индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот, појаснува Државниот завод за статистика.
Податоците што се објавени се пресметани врз база на 2010 година и во споредба со ист месец од претходната година.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.