Поранешните министри за финансии ќе го советуваат Бесими
Поранешните министери за финансии ќе го советуваат актуелниот министер Фатмир Бесими за актуелни теми за кои е потребен општествен консензус.
Тие ќе бидат дел од посебно советодавно тело.
Оваа идеја произлезе од средбата која Бесими традиционално ја одржува со своите поранешни колеги, а на која присуствуваа, Зоран Ставрески, Трајко Славески, Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски и Кирил Миноски.
Од Министерството за финансии информираат дека Советот на поранешни министри за финансии ќе претставува тело кое ќе функционира како дел на Скопје економски и финансиски форум – СЕФФ и истиот ќе биде активен во текот на целата годината за прашања и теми важни за економскиот развој на земјата.
Улогата на Советот е да даде солидна основа на Форумот во градењето кредибилни економски политики преку инклузивен и транспарентен процес. Тоа ќе биде тело на експертско ниво во кое искуството и знаењето на неговите членови ќе претставуваат додадена вредност во креирањето на политиките.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса