Џет-Сет
8. December 2017 - 20:00

Поранешниот свекор на Емина откри детали какви што до сега никој не ги занел

Пред да се омажи за турскиот пејач Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ била мажена за извесен Аладин од Нови Пазар.

 Иако тој никогаш не се огласил по брако со Емина, нејзиниот поранешен свекот одлучи да открие неколку детали.

-Јас и мајката на Емина учевме заедно во основно училиште, не беше договорен нивниот брак, тие навистина многу се сакаа а јас бев малку против бракот зошто беа многу млади, но проблемот започна после свадбата, кога таа одлучи деа сака да биде славна.Јас ѝ реков дека може да пее за своја душа, но кога таа реши тоа да не биде само аматерски, мојот син не сакаше жена што не е постојано дома. Размисли и се реши за своето семејство. Нивниот брак траеше шест месеци и тогаш сѐ се заврши – раскажал поранешниот свекор на Емина.

- Ја гледам сега кога доаѓа кај нејзините родители, велат дека била многу успешна, но тогаш не беше така убава, беше просечна девојка, и имаше многу поубави од неа. После свадбата, мојот син  ги избриша сите снимки и фотографии со неа, се беше уништено, очигледно дека не сака ни да се сеќава на тоа лошо искуство - рекол поранешниот свекор на Емина за српските медиуми.