Поранешниот претседател на Салвадор доби политички азил во Никарагва
Владата на Никарагва соопшти дека одлучила да му додели политички азил на поранешниот претседател на Салвадор, Маурисио Фунес, кој во својата земја се соочува со неколку обвинувња и судска истрага.
Фунес се обвинува во врска со откриените пари на неговата приватна банкарск сметка, за кои се сомнева дека се обезбедени на нелегален начин. Тој се обвинува и за политичка корупција за времето додека бил на претедателската функција.
Во владиното соопштение во Манагва се вели дека на Фунес му бил доделен азил, затоа што „неговиот живот бил во опасност„.
Поранешниот салвадорски претседател од пред три месеции живее во Никарагва. Одлуката за азил била донесена на 1 септември, кога властите во Салвадор почнаа да ги објавуваат деталите за сметките што ги има направено Фунес, користејќи ги државните фондови, додека бил на функцијата.
Покрај него, азил во Никарагва имаат добиено и неговата партнерка и нивните три деца.
Фунес кој е поранешен новинар тврди дека е невин и дека сите обвинувања се „политички мотивирани„ .
Но во Никарагва побегна откако на салвадорските власти одби да го објасни потеклото на околу 700 илјади долари, кои се на неговата банкарска сметка.
Во Манагва сега тврди дека побегнал затоа што стравува од ликвидација од салвадорската екстремна десница, инсистирајќи дека во неговата земја „не постојат услови за да ја докаже својата невиност„.
Маурисио Фунес беше претседател на Салвадор од 2009 до 2014 година. Тој е член на салвадорскиот, левичарски национален Фронт за ослободување- Фарабундо Марти (ФМЛН).
Додека тој беше претседател, покрена истрага против неговиот претходник, Франциско Флорес, обвинувајќи го за корупција, но закажаниот процес не се одржа, затоа што Флорес почина во јануари оваа година, пред да може да се појави на судење.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција