Поранешниот министер за економија Бектеши ќе биде сослушуван во ОЈО Кочани
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши ќе биде сослушан во Основниот суд во Кочани пред судија на претходна постапка, потврдија од ЈОРМС.
Бектеши вчера и денеска беше на информативен разговор во полициска станица во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани. Од полициската станица Бектеши е спроведен и ќе биде сослушан во ОЈО Кочани.
Адвокатот на Бектеши попладнево во изјава за медиумите рече дека поранешниот министер бил повикан на информативен разговор и дека сам се јавил по што е побарано тој да биде задржан заради понатамошно проверки.
- Вечерва му истекува времето од 24 часа на задржување, изјави адвокатот Еленко Миланов, додавајќи дека до 14 часот во судот немало никакви известувања за некаква постапка против Бектеши.
Прашан за кои околности е повикан Бектеши во полициска станица, Миланов рече дека засега нема правна квалификација.
- Работата е што нема правна квалификација. Тој е повикан со покана на информативен разговор на којшто се јавил и по информативниот разговор е побарано да биде задржан за понатамошнни проверки додека Министерството провери што и како, рече Миланов.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во изјава во Кочани рече дека во моментот се држат рочишта по однос на предлозите за притвор.
-Вкупно до овој момент се работи на итно процесуирање на 14 лица обезбедени од нашето постапување до овој момент. По однос на увидот можам да кажам дека сите важни релевантни факти и докази на местото се обезбедени и следат дополнителни анализи и вештачења од соодветна област, рече тој, дополнувајќи дека во текот на оваа недела има можност да се поведе истражна постапка.
Коцевски не потврди конкретно дека мерките се однесуваат и на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, како и инспектори од општината.
-Сите лице кои тимот на јавни обвинители утврди дека имаат, односно немаат преземено некои активности кои подлежат на кривично правен аспект ќе бидат опфатени, рече тој.
Ново на Сител
-
Поранешниот министер за економија Бектеши ќе биде сослушуван во ОЈО Кочани
-
Приведен 32 годишник, подметнал пожар во две штали
-
Повреден 34 годишен скопјанец, бил удрен со електричен тротинет
-
Мицкоски: Утре започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови
-
Граѓаните што протестираа во Кочани револтот го искажаа и пред куќата на градоначалникот во оставка
-
Граѓаните што протестираа во Кочани ја гаѓаа со јајца и камења куќата на градоначалникот во оставка
-
Обвинителство бара притвор за Крешник Бектеши
-
Бектеши задржан во полициска станица - Засега нема правна квалификација, вели неговиот адвокат