Македонија
21. July 2021 - 12:31

Поранешни и сегашни функционери не пополнувале имотен лист па заработиле парични глоби од ДКСК

Поранешни и сегашни функционери не пополнувале имотен лист па заработиле парични глоби од антикорупциска.

Под лупа на ДКСК, биле и судии од внатрешноста на државата, претседетали на судовите, како и првите луѓе на кривичниот и граѓанскио суд во Скопје.

За нив антикорупционерите не утврдиле дека кај нив има несразмерно зголемување на имотот. Информациите за прекршувања на обврската за пријавуање на имотот, антикорупциската комисија ги презентираше на денешената седница која се одржува по електронски пат.