-->
-->
Поранешната инспекторка од Охрид починала од предозирање?
-->
Поранешната полициска инспекторка, Марија М., која беше пронајдена мртва во стан во Охрид, починала од предозирање со наркотични средства, покажуваат првичните сознанија за причините на смртта, објави „Охридскај“.
Поранешната инспекторка на криминалистичката полиција во СВР Охрид, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата „Сирма војвода“.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, по што детално ќе бидат познати причини за смртта и приближно времето кога настанала смртта.
Во текот на истрагата остануваат на разгледување и првичните информации дека на телото на починатата имало траги на насилство и дека можеби станува збор за насилна смрт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје