Свет
18. јуни 2016 - 11:55

Поранешен рудник за јаглен ја издигнува уметноста од мрачните јами

Цик-цак возењето низ пејзажот на планината Хамбак во Јеонгсеон изгледа како патување кон магливите долини и недопрениот див свет. Сепак, нагорнината на тесниот планински пат ги води посетителите кон една неочекувана слика: огромен кран поставен од страната на планината, влезови во тунели и напуштени колиби.

Ова бил еден од најголемите јужнокорејски рудници каде повеќе од три илјади рудари копале јаглен во подземните тунели од 1964 до 2001 година, за да обезбедат неопходно загревање и да придоненсат за загадување на воздухот.

Рудникот Јеонгам се наоѓа на 853 метри на врвот на Јеонгсеон, 214 км. источно од Сеул, и служел како срж за брзата индустријализација на Јужна Кореја, се додека влада не одлучила да сопре со производството на јаглен во 1989 година. Силно погодени од оваа политика, рударите и нивните семејства едни по други го напуштиле градот во потрага по работа. За да го оживее ова некогаш живо индустриско гратче, министерстото за култура и општината Јеонгсен во 2007 започнаа проект вреден 11 милијарди вони (9,32 милиони долари) за да го претворат во уметнички простор кој во 2013 беше наречен Самтан рудник на уметноста. Тоа се случи и со индустрискиот комплекс со рудници на јаглен Золвереин во северозападниот германски град Есен, кој од 2001 година беше ставен на листата на УНЕСКО за Места со светско културно наследство.

Сон Хва-сун, извршниот директор на Соломон арт која управува со Самтан рудниците на уметноста, се сеќава на нејзиното прво откривање на ова место пред пет годни, како момент на „шокираност“ и „воодушевување“.

- Ова место тогаш во февруари беше прекриено со снег. Бев шокирана кога ги видов сировите материјали во овој поранешен рудник и веднаш се вљубив, вели Сон која шетала по светот со нејзиниот сега починат сопруг и колекционер на уметнички дела. „Посакав да го искористам овој напуштен рудник за да ги покажам остатоците од неговиот зенит и како тие можат да бидат оживеани преку уметноста“.

Инфраструктурата во ова старо место каде се ископувал јаглен обезбедува извонредни материјални докази за еволуцијата и пропаста на оваа есенцијална индустрија која ја обезбедувала толку отребната енергија за забревтана тешка индустрија во државата во 70-те и 80-те години од минатиот век.

Првото добредојде за посетителите на оваа локација со површина од 230.000 квадратни метри, е порталот на влезот во хоризонталниот тунел и вагоните за превоз на рудата пред затворениот блиндиран прозорец. На голема табла пишува „Тато, и денес да работиш безбедно“.

На ширинката пред рудникот означен како „Железница на музејот“, стои жолт вагон за превоз на јаглен во близина на подвижната лента во централниот товарен простор,, како да се и сега подготвени да го превезат јагленот до станицата Чеонгнјангри во Сеул. Студениот ветер од планината минува низ скршените стакла на прозорците затемнети од јаглениот прав, и ги нишаат големите црвени вештачки цвеќиња кој лежат на пругата.

Тивка тажна музика од жичани инструменти која доаѓа од звучниците го исполнува воздухот, и создава траорна атмосфера во сеќавање на оние кои настрадале од долгочасовната тешка работа. Понекогаш биле повредувани со вдишување на отровните гасови или биле затрупувани под купиштата руда во урнатите руднички тунели.

-Го зачувавме просторот онака како што го најдовме, без да ги поправаме прозорците или таваните во тунелите, затоа што ги сметаме за историски доказ, рече Ли Санг-вон, директор на Самтан рудникот на уметноста. „Посетителите мора да носат шлемови заради заштита од можно одронување на остатоци од таваните во тунелите“.

Не се дозволува навлегување подлабоко во тунелите заради отровните гасови кои можеби останале во старите рудници, кои денес делумно се поплавени со подземни води. За реновирањето на подземната инфраструктура за посетителите се потребни десетици милијарди вони, вели Ли.

На горниот кат од главната зграда има соба со тушеви каде рударите се туширале од јаглената прашина и се одмарале по работниот ден. На цевките од тушевите нема распрснувачи, а плочките во капалната се еднобојни, па сето ова потсетува на гасна комора од логорот Аушвиц. Сега таму се изложени скулптури и медиа уметнички дела од локални и странски уметници.

На третиот кат има купишта документи, меѓу нив и чекови од плати, досиеја за здравјето на рударите, и други артефакти, а тука е и главната контролна кула за 600-метри долгиот хоризонтален тунел.

Тука има и големо депо со уметнички дела кои ги собирал починатиот директор Ким Мин-сеок, сопругот на Сон, цели три децении од сите агли на светот.

Надвор од главната зграда и уметнички простор под отворено небо, заедно со поранешниот главен сервис и други уметнички инсталации.

Главниот сервис на рудникот сега е претворен во ресторан 832Л, именуван по надморската висина на која се наоѓа.

Модерен кафе бар со индустриски дизајн и декориран со стари машини личи на рударска „кутија за ручек“, а нуди италијанско мени и широк избор на вина кои се чуваат во вештачка пештера.

Ова тешко достапно место е помалку познато од околните туристички локации, вклучувајќи го и Кангвон ленд, единственото казино во државата наменето само за јужнокорејците, и скијашкиот центар Хај Ај, но по неколку појавувања во телевизиски драми и филмови, пораснал интересот за ова морничаво место.

Неодамна тоа се случи откако мегахит тв-драмата „Наследниците на сонцето“ на Кеј-Би-Си беше снимена во напуштените колиби и во просторијата со тушеви во поранешниот рудник. Додека оваа драма истовремено се емитуваше и во Јужна Кореја и во Кина, во периодот помеѓу февруари и април, минатиот месец неколку телевизиски продуценти од Кина го посетиле местово за да им го претстават ова место на обожавателите на драмската серија, велат официјални информации.

Како резултат на тој потег, посетители од околината нагло почнале да доаѓаат во споредба со претходните години, а во продолжениот викенд на почетокот на овој месец дојдоа дури неколку илјади души, велат службени лица. Минатата година, 50,000 посетители го посетиле ова место.

Јеон Јеонг-хван, раководител на областа Јеонгсеон, очекува уште повеќе туристи заради огромната популарност на корејските телевизиски драми.

-Во моментов, се повеќе индивидуални туристи од Хонг Конг и Тајван дојда тука, рече Јеонг. „Што повеќе туристички агенции промовираат организирани тури на поранешниот рудник и на околните региони, се повеќе групи на туристи се очекуваат да не посетат следниот месец“.

Се очекува оваа локација да привлече и посетители од Јапонија затоа што драмата на Кеј-Би-Си ќе започне да се прикажува таму веќе од следниот месец.

По една неодамнешна посета, јапонски телевизиски продуцент го снимаше местото за да го претстави како едно од скриените богатства во провинцијата Гангвон, кое станало популарно благодарение на на корејските драми кои уживаат голема популарност во Јапонија.

-Мислам дека се повеќе туристи ќе покажат интерес за оваа област откако ќе ја гледаат драмата. Подготвуваме програми кои ќе понудат најпознати туристички локации во Јужна Кореја, кои ќе бидат емитувани на медиумите во јули, рече продуцентот кој побара да не го објавуваме неговото име и компанијата која ја претставува затоа што емисијата сеуште не е емитувана.

Службени лица изразуваат надеж дека локацијата која е индустриско наследство во оваа област може да го ревитализира Јеонгсеон, кој стана неинтересен откако повеќе не е главен извор на приходи. Бројот на жители во областа во 70-те години изнесувал преку 140,000, но сега тука живеат само околу 40,000 жители.

-Музејот Гугенхајм во Билбао во Шпанија го претвори поранешниот индустриски град на железото и челикот во светска туристичка атракција, рече Ли Сеунг-хван, уметничкиот директор на рудникот. „Се надеваме дека ќе привлечеме повеќе туристи во областа со тоа што ќе го претвориме овој напуштен рудник во место за сеќавање и ревитализација“.