-->
-->
Поради замена на апарат гласањето на едно избирачко место во Росоман ќе се продолжи за еден час и 50 минути
-->
Се појавил проблем на едно избирачко место во општина Росоман, во село Трстеник, не работел апаратот и бил заменет со нов. Таму гласањето ќе се продолжи за еден час и 50 минути. Ова го потврди за МИА, Ѓорѓи Крстевски, претседател на Општинска изборна комисија.
До девет часот, во општината Росоман гласале 3,7 проценти од избирачите.
Во Росоман се бира меѓу тројца кандидати за градоначалник, како и за шест советнички листи. Во избирачкиот список има регистрирано 3 341 лице со право на глас. Се гласа на десет избирачки места
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона