Поради пожар, затворен за сообраќај мостот од „Ист гејт“ кон Железничка станица
Мостот „Беласица“ на Вардар кај ТЦ „Ист Гејт“ утрово е затворен за сообраќај по пожарот, кој по интервениција на пожаникарите беше локализиран и изгаснат.
- Не гори ништо повеќе. Запалена беше електрична инсталација и систем за парно греење. Во четири часот наутро, пожарот беше изгаснат. Сега нема друг пожар, меѓутоа се расчистува теренот таму, за МИА изјавија од Противпожарната единица.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека пожарот бил пријавен околу полноќ.
- Преку единствен број за итни повици 112 при Центарот за управување со кризи на полноќ e добиен повик за пожар на долната страна на мостот „Беласица“ за моторни возила над реката Вардар, на истоимената улица „Беласица“ кај затворениот трговски центар „Ист Гејт“, што е во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“ кај трговскиот центар. Веднаш по добиената информација, од страна на Секторот за операции и координација и РЦУК Скопје на ЦУК биле известени сите можни институции и фирми, коишто имаат или, пак, е можно да имаат инсталации под мостот и е извршена координација со Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, којашто била на терен со осум противпожарни возила и 21 пожарникар, соопштија од ЦУК.
Ново на Сител
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор