Поради печатна грешка, дете заврши во полиција, а само напиша...
Британската полиција испраша еден десетгодишен муслиман откако по грешја напиша дека живее во „куќа со терористи“ (house with terrorists), наместо „во куќа со тераса“ (house with terrace).
Детето грешката ја направило на час по англиски јазик во основното училиште во Канкашир, на северозападот од Англија. Неговите наставници веднаш не сфатиле дека се работи за правописна грешка, па во склад со законот кој ги обврзува активно да работат на превенцијата на радикализацијата на децата, случајот го пријавиле во полиција.
Полицијата уште следниот ден дошла во домот на детето, каде пребарувала низ семејниот лаптоп. Од полицијата потоа соопштиле дека случајот е препуштен на социјалната служба и дека немало потреба за антитерористичка акција.
Како што пренесува британски Гардијан, семејството на детето изјавило дека инцидентот ги шокирал и побарале извинување и од училиштето и од полицијата.
-Ако учителот е загрижен, можел да се загрижи околу неговиот правопис. Не треба дете вака да се третира. Сега се плаши да пишува и да ја користи фантазијата, вели една роднина на преплашеното момче.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки