Поради отсуство на Јанакиески, „Титаник“ одложен за 8 март
Рочиштето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 8 март поради неприсуство на Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите.
Поранешниот министер за транспорт и врски не можел да дојде бидејќи бил на рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“ каде исто така е обвинет.
Во „Титаник“, покрај Јанакиески, обвинети се и поранешен премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и на кого му се суди во отсуство, како и Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата