Балкан
15. November 2020 - 14:46

Поради Ковид-19 во Србија се ограничува работата на кафеаните, клубовите, рестораните од 21 до 05 часот

Владата на Србија донесе одлука денеска да се ограничи работата на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, ресторани, како и трговски центри, продавници, од 21 до 5 часот наутро. Тоа го соопшти премиерот Ана Брнабиќ.

Исклучок од таа мерка се аптеките, испорака на храна, пумпи за полнење гориво и економијата што работи „трета смена“.

– Тие мерки ќе стапат на сила од 17 ноември и ќе важат 15 дена, до 1 декември, кога владата повторно ќе донесе одлука за мерките, додаде Брнабиќ.