-->
-->
Поради индискиот сој на Ковид-19 можно е да не бидат укинати рестриктивните мерки во Велика Британија
-->
Во Велика Британија е зголемена загриженоста поради новиот индиски сој на Ковид-19, кој според истражувањата е за 40 отсто позаразен од претходиот британски вид, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.
Ширењето на варијантата Делта, првпат идентификувана во април во Индија сега е доминантна во Велика Британија, поради што најверојатно нема да се укинат дел од рестриктивните мерки во земјата како што беше предвидено на 21 јуни. Британските здравствени власти најавија повеќе детали на 14 јуни.
Хенкок истакна дека со новата опасна мутација се инфицираат главно Британци кои не се вакцинирани. Речиси 50 отсто од населението на Велика Британија (од над 60 милиони) примиле прва доза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска