Македонија
14. August 2020 - 10:29

Поради асфалтирање на патот Галичник – Маврово, сообраќајот во прекин од 10 до 16 часот

Јавното претпријатие „Македонија пат“, подружница Скопје,  од денеска ќе изведува градежни работи, асфалтирање на регионалниот пат село Галичник – Маврово.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10:00 до 16.00 часот, кога сообраќајот ќе биде во прекин.

На местото на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.