Поради активен пожар, кај Пепелиште прекин на сообраќајот во два правци
Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Во Лесковац испечена најголемата плескавица во светот - Тешка е 86,4 килограми | ВИДЕО
-
Два автомобили изгореа на паркингот кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром
-
Наградниот фонд во Лигата на шампионите се зголеми на 2,5 милијарди евра
-
Алкараз по елиминацијата од УС Опен: Не можев да се победам самиот себе
-
60 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден, ja зголемуваме безбедноста во градот
-
Во Лазарополе утрово најсвежо
-
Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава
-
Ќе се субвенционираат дестинации, а не авиокомпании, оглас следната недела