Попов: Граѓаните јасно и кажуваат на Владата дека нема капацитет и дека треба да си замине
Кога на една влада над 52% од населението и вели дека живеело подобро пред да дојдат на власт тоа значи дека таа влада треба да си замине вели за Детектор Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.
„Мислам дека крајно време е таа влада да се откаже од тоа што го прави и да сфати дека не ја бива, дека нема капацитет да ги реши проблемите и да го направи животот на граѓаните подобар. Мислам дека тоа е веќе апсолвирана тема и ова е само уште една анкета која што го покажува тоа.“ – вели Попов.
Тој вели дека со влезот во ЕУ нема да ни се решат проблемите и дека треба самите да си го средиме својот двор.
„Самото влегување во ЕУ не е магично стапче кое што ќе ни ги реши проблемите. Имаме многу домашни задачи кои треба да ги завршиме претходно. Мислам дека сериозно треба да се посветиме на средување на работите и институциите и состојбите во сопствениот двор а не да чекаме тоа да ни го реши Европската Унија, бидејќи навистина нема да ни го реши“ – вели Попов.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите