Македонија
20. August 2016 - 9:46

Попоски во посета на летниот камп „Ја Сакам Македонија - 2016”

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе го посети летниот камп „Ја сакам Македонија-2016“ кој секоја година традиционално се одржува во Охрид.
 
Во рамките на посетата, министерот Попоски ќе одржи предавање и ќе им додели благодарници на учесниците на кампот, кој е во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.