Македонија
7. March 2016 - 11:43

Попоски на состанокот на Пан Европската Унија во Стразбур

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска ќе има обраќање на состанокот на Работната група на Европската народна партија (ЕПП) во Пан Европската Унија, во Европскиот парламент во Стразбур.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, пред членовите на Работната група, министерот Попоски ќе се осврне на европскиот интегративен процес на Република Македонија и перспективите за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.