Попоски на министерски состанок во Солун
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски утре и задутре во Солун ќе учествува на министерски состанок посветен на прекуграничната соработка во контекст на кризата со бегалците и мигрантите.
На состанокот, кој ќе се одржи по иницијатива на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Бугарија и на Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.
Состанокот во Солун е со цел зајакнување на дијалогот и проширување на перспективите за понатамошна прекугранична соработка во областа на координацијата и справувањето со заедничките предизвици, како што се бегалската и миграциската криза, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Утре доцна попладне ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, а во петок ќе има разговори меѓу министрите или претставници на министерствата за внатрешни работи на четирите земји, по што ќе се одржи и заеднички состанок на министрите за надворешни и внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје