Попоски на министерски состанок во Солун
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски утре и задутре во Солун ќе учествува на министерски состанок посветен на прекуграничната соработка во контекст на кризата со бегалците и мигрантите.
На состанокот, кој ќе се одржи по иницијатива на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Бугарија и на Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.
Состанокот во Солун е со цел зајакнување на дијалогот и проширување на перспективите за понатамошна прекугранична соработка во областа на координацијата и справувањето со заедничките предизвици, како што се бегалската и миграциската криза, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Утре доцна попладне ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, а во петок ќе има разговори меѓу министрите или претставници на министерствата за внатрешни работи на четирите земји, по што ќе се одржи и заеднички состанок на министрите за надворешни и внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Протести во Бугарија против воведувањето на еврото
-
Интер и ПСЖ во жестока борба за трофејот од Лигата на шампионите
-
Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик
-
Победнички старт на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига
-
Трамп: Маск направи фантастична работа додека беше шеф на Одделот за владина ефикасност
-
„Вдоми Љубов“ - фестивал посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво
-
МПЦ-ОА одбележува 1700 години од Првиот вселенски собор на кој присуствувале и тројца македонски епископи
-
Полагањето на државната матура почнува денеска со првиот екстерен испит