Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода
Дунав веќе неколку денови е излеан од своето корито во центарот на Будимпешта. Во изминативе денови нивото на водата во главниот град на Унгарија порасна за повеќе од еден метар. Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата веќе стигна пред зградата на унгарскиот Парламент.
Според прогнозите, годинашната поплава нема да го надмине рекордниот водостој на Дунав во историјата. Во Будимпешта пикот се очекува да биде денес кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година.
Во главниот град на Унгарија веќе почнаа да се применуваат сообраќајни ограничувања – затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии. Во многу делови на Унгарија има затворени патишта.
Кишороси, село на островот Сант’Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача. Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја. Во средината на септември поплави ги погодија земјите од Централна и Источна Европа. Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски