-->
-->
Поплави на југ во Германија и во Австрија
-->
Југот и југозападниот дел на Германија, како и големи делови од Австрија, беа погодени од поројни врнежи од дожд што предизвикаа излевање на реки како и сообраќаен метеж на патиштата и железничките пруги.
Во сојузната држава Сар автопатот Сарбрикен е делумно затворен, додека во Триер е поплавен центарот на градот.
Реката Мосел, чие ниво на вода е еден метар под критичното ниво, се заканува поплави во познатиот регион на вино Мосел.
На автопатот А8 кај Улм се случија серија сообраќајни несреќи, а во Баварија урагански ветар предизвика застој во сообраќајот.
Во Австрија, над 11.000 домаќинства останаа без струја поради оштетени високонапонски врски. Многу патишта, особено во погранична област кон Германија, се затворени поради излевање на реки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ленин Јовановски во Белград разговарал за донација на автобуси на Скопје
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии