Попладнево активни три пожари
На територијата на Република Македонија денеска активни се три, локализирани пет и згаснати седум пожари, покажуваат податоците на Дирекцијата за заштита и спасување добиените од подрачните одделенија за заштита и спасување.
Во општина Македонски Брод пожар е активен во атарот на село Крапа. Во гаснење на пожарот се ангажирани двајца вработени од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ со три пожарникари, Шумска служба со девет лица, и шест лица од месното население.
Активен е и пожарот кај место викано Царовец во атарот на село Крапа и на лице место за гасење се ангажирани Шумските служби со пет лица. Поради обемот на пожарот противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат ангажирани за гасење на овој пожар.
На територијата на оваа општина изгаснат е пожарот во место викано Пела на село Слатина, место викано Слатински извори и пожарот помеѓу селата Вир и Локвица.
Во Општина Струга, во атарот на селото Ливада локализиран е пожар во кој гори стрниште. Пожарот избувнал околу пладне и е локализиран во попладневите часови.
Пожар избувнал кај село Костурник и село Табановце во Кумановско. Во пожарот горела сува треба, но тој е изгаснат околу 13 часот.
Пожар е забележан и кај село кај село Орашац кој е повторно активиран во 13.25 часот. Гасењето на пожарот е во тек и во негово гасење се ангажирани ТППЕ со едно возило и три пожарникари.
Во општина Велес кај селото Војница, месноста викан Пашин Мост локализиран е пожар кој избувнал околу 13 часот. На лице место за гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со четири пожарникари и ЈП со четири лица.
Повторно е активен и пожар кај селото Буслици кој има зафатено долга површина и постои опасност за проширување. Во гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со четири пожарникари, шумските служби со две лица и ЈП со три лица.
Изгаснат е пожар во селото Грнчари во Преспа, во село Елевци, Дебарско и кај село Бање. Пожар повторно се активирал во Росоман во реонот помеѓу селата Дебриште, Мрзен и Ореовец и Камен дол, при што опшжарена е површина од 20 хектари. Пожарот е локализиран во попладневните часови, и три лица од општина Росоман дежураат на терен. Активен е и пожар на местото викано Леково, општина Прилеп.
Ново на Сител
-
Приведен велешанец, пронајдени 11 килограми опиум
-
34-годишен Тетовец силувал малолетник
-
СДММ: Бараме оставка од пратеникот Сергеј Попов - возел пијан, без возачка, направил сообраќајка
-
Приведен бегалец од затвор осуден на седум години за сторено кривично дело „разбојништво“
-
Рамос потпиша со својот нов тим и избра посебен број
-
„Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора