Попладне средба Иванов - Нимиц
Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска попладне (17:15) ќе има средба со претседателот Ѓорге Иванов, соопшти Кабинетот на Претседателот.
Нимиц, кој ќе престојува во Македонија до вторник,ќе има разговори со македонскиот државен врв за можностите за решавање на спорот за името. Доаѓа на покана на македонската Влада со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името, информираше прес-службата на ОН.
Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина.
Во интервјуто за емисијата „360 степени“ во пресрет на посетата Нимиц вели дека е добро што новиот државен врв веднаш покажува волја да продолжат разговорите.
- Во Скопје има нова влада со нови идеи околу ова прашање. Во изминативе неколку години од различни причини времето не беше соодветно за интензивни и сериозни преговори за прашањето за името. Се надевам дека вниманието се враќа кон ова многу важно прашање, одам за да се сретнам со страните и да ја тестирам подготвеноста за сериозен напредок. Овој пат не носам нов предлог, рече Нимиц.
Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција, последен пат ги посети двете земји на крајот на јули 2014 година.
Ново на Сител
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“