-->
-->
Поопасен од хероин а потполно е легален, научниците предупредуваат!
-->
Супстанцата која е најштетна по здравјето на луѓето не е како што многумина претпоставуваат и мислат, хероин, кокаин или некој слична природна или синтетичка хемиска супстанца. Потполно е легална и секојдневно ја конзумираат милиони луѓе, па сепак научните параметри покажуваат дека катастрофално влијае врз човечкиот живот. Можеби некои претпоставија веќе дека тоа е алкохолот.
Можеби е чудно, но различни фактори укажуваат на тоа дека е така. Поранешниот советник на британската влада за дрога, Дејвид Нут и неколку европски експерти дошле до овој заклучок, користејќи 16 параметри кои се користеле да измерат какво дејство има алкохолот врз здравјето и животот на човекот.
Покрај алкохолот, во истите параметри на мерење биле вклучени уште 20 природни или синтетички хемиски супстанци. На листата на параметрите биле: смртноста, зависноста, менталното оштетување, губењето на домот или работата, криминална активност, нанесување на телесни повреди па дури и материјална штета нанесена на државата.
На второ и трето место се сместиле хероионот и кокаинот.
Најмалку 3,3 милиони луѓе годишно умираат од прекумерно конзумирање на алкохол. Според Светската здравствена организација, тоа е 5,9% од вкупните смртни случаи годишно, што значи дека на секои 10 секунди едно лице умира од алкохолот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад
-
Минчев: Министерството за јавна администрација в понеделник со конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“
-
На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона
-
Гвардиола подготвен да помогне да се најде нов менаџер на Манчестер Сити
-
Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ
-
44-годишник претепал полицаец кој му напишал казна на неговиот син
-
Почина четиримесечно бебе во Гостивар
-
Ердоган и Шолц разговараа за зајакнување на одбранбената соработка