-->
-->
Пониски температури, дожд, град, грмежи - УХМР со предупредување за претстојниот викенд
-->
Под влијание на влажен бран утре и во недела ќе има врнежи од дожд проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70км/ч). Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне од 30 до 50л/м2 дожд, соопшти УХМР.
Дневните температури ќе бидат во опаѓање, особено во недела и почетокот на следната седмица.
Во Скопје, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, повремено пороен проследен со појава на грмежи и засилен северен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.
УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот