Бизнис
28. March 2016 - 13:43

Пониски цените на индустриските производители на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, односно за 0,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во февруари 2016, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 отсто.

Во февруари 2016, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто и Енергија за 0,1 отсто.