Помпео: САД и натаму ја предводат коалицијата против Исламска држава
Американскиот државен секретар Мајк Помпео врши притисок врз европските земји членки на глобалната коалиција против Исламска држава да ги примат назад и да ги процесуираат своите граѓани заробени во Ирак и Сирија како борци на ИД.
Помпео на министрите за надворешни работи и високите претставници од околу 30 членки на коалицијата во Вашингтон им кажа дека е неопходно да ги задржат илјадниците приведени борци од Европа и другите делови на светот, а кои се одговорни за сторени злосторства.
Тој ги отфрли наводите дека САД ќе отстапат од водството на коалицијата, бидејќи претседателот Доналд Трамп сака да ги повлече трупите од Блискиот исток.
Помпео ги повика учесниците во коалицијата да го зголемат финансирањето на проектот на Обединетите нации за помош и обнова на Сиријa.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста