Свет
8. January 2018 - 9:09

Помпео: Не сме одговорни за протестите во Иран

Шефот на разузнавачката американска агенција ЦИА, Мајк Помпео демантираше наводи за вмешаност на таа агенција во организација на протестите во Иран и прогнозира дека ќе има нови насилни протести.

Во интервју за Фокс њуз рече дека економските услови во Иран не се добри и тоа ги извело луѓето на улица да протестираат.

Запрашан да прокоментира тврдење на иранскиот државен обвинител Мохамед Џавад Монтазери дека ЦИА раководат со немирите заедно со Ираел и Саудиска Арабија заради промени во Иран, Помпео одговори дека тоа не е точно.

– Тоа е народот на Иран, тие тоа го покренаа барајќи подобри услови за живот и прекин на теократскиот режим, изјави Помпео.

Во интервјуто тој се осврна и на севернокорејската нуклеарна програма нагласувајќи дека таа држава има потенцијал за неколку месеци да развие нуклеарно оружје што може да загрози американски градови.