Помпео: Кина се уште прикрива информации за Ковид-19
Американскиот државен секретар Мајк Помпео остро го критикуваше однесувањето на Кина за ширењето на заразата со коронавирусот, велејќи дека нивната владејачка Комунистичка партија се уште крие информации потребни за да спречат понатамошни случаи.
Во интервју за радио станицата „Вашингтон Воч“, Помпео ги повтори претходните обвинувања дека одложувањето на Кина во информирањето за вирусот ги загрозило луѓето ширум светот и рече дека „навистина донело во опасност илјадници животи“.
„Загрижен сум затоа што со ова прикривање, со тие дезинформации, Кинеската комунистичка партија продолжува да му ги ускратува на светот потребните информации за да спречи понатамошни случаи или нешто слично да се случи повторно“, додаде тој.
Помпео, исто така, ги обвини Иран и Русија за кампањите за дезинформации за вирусот.
„Продолжува дезинформациската кампања на Русија и Иран, како и на Кина“, рече тој. „Тие зборуваат дека тоа дошло од американската војска и велат дека можеби е започнато во Италија, за да се одвлече одговорноста“.
Ново на Сител
-
Тројца обвинители од згаснатото СЈО избрани за обвинители кои ќе гонат криминал и корупција
-
Приведен 59-годишен маж од светиниколско, намамувал малолетничка на обљуба
-
ЈО: Позитивни на коронавирус сакале да отпатуваат со лажен ПЦР тест, предложена парична казна
-
Џафери: Ако сакаат нека поднесат уште 10 кривични, јас не се оптоварувам неосновани се
-
Мицкоски ги повикува Македонците од Албанија да гласаат за македонскиот кандидат за пратеник Панди Јани
-
Бектеши: Финансиската поддршка од шестиот пакет ќе добијат најпогодените дејности
-
Двајца браќа од Гостивар обвинети за насилство врз жена
-
ГАК: Годинава направени 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста