Помпео: Кина се уште прикрива информации за Ковид-19
Американскиот државен секретар Мајк Помпео остро го критикуваше однесувањето на Кина за ширењето на заразата со коронавирусот, велејќи дека нивната владејачка Комунистичка партија се уште крие информации потребни за да спречат понатамошни случаи.
Во интервју за радио станицата „Вашингтон Воч“, Помпео ги повтори претходните обвинувања дека одложувањето на Кина во информирањето за вирусот ги загрозило луѓето ширум светот и рече дека „навистина донело во опасност илјадници животи“.
„Загрижен сум затоа што со ова прикривање, со тие дезинформации, Кинеската комунистичка партија продолжува да му ги ускратува на светот потребните информации за да спречи понатамошни случаи или нешто слично да се случи повторно“, додаде тој.
Помпео, исто така, ги обвини Иран и Русија за кампањите за дезинформации за вирусот.
„Продолжува дезинформациската кампања на Русија и Иран, како и на Кина“, рече тој. „Тие зборуваат дека тоа дошло од американската војска и велат дека можеби е започнато во Италија, за да се одвлече одговорноста“.
Ново на Сител
-
Сара Пројковска која беше придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани
-
Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК: „Што сака нека биде“ беше песната кога започнал хоророт
-
Директорот на Центарот за култура Штип и клавијатурист на „ДНК“ меѓу починатите во Кочани
-
Почина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров, им подлегна на повредите здобиени во пожарот во Кочани
-
Андреј Ѓоргиески им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани
-
Психијатриската болница во Скопје отворена за сите кои чувствуваат потреба за помош по трагедијата во Кочани
-
РФМ побарало одложување на натпреварот со Словенија но не е одобрено, ќе започне со минута молк
-
Премиерот Мицкоски разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте