Помош од македонскиот Црвен крст за настраданите од земјотресот во Италија
Од Црвениот крст на Република Македонија денеска оствариле контакт со италијанскиот Црвен крст и во името на волонтерите и вработените било изразено сочувство со семејствата кои ги изгубија своите најблиски во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди централна Италија.
Како што е наведено во соопштението од Црвениот крст на РМ била понудена помош за поефикасно справување со последиците од земјотресот во делот на спроведувањето на спасувачките акции.
Црвениот крст на Република Македонија во наредниот период, како што се додава во сопштението, е подготвен да упати хуманитарна помош во парични средства во Фондот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина наменети за помош и поддршка на настраданото население во централна Италија.
- Сите заинтересирани граѓани и правни субјекти можат да се приклучат кон оваа активност со уплата на парични средства во Фондот за солидарност на Црвен крст на Република Македонија на сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 - Комерцијална банка АД Скопје, со назнака: Донација за настраданите од земјотресот во Италија, почнувајќи од денеска до 09 септември годинава. Исто така, секој заинтересиран граѓанин почнувајќи од 30 авгсут до 09 септември годинава може со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 да донира 100 денари, информираат од Црвениот крст на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице