Тој труповите го облекувал како кукли и им славел родендени и организирал различни морбидни прослави. Според пишувањето ан локалните медиуми, Москвин рекол дека ископувал тела од стотици гробови и ги носел во својот стан.
Тој изјавил дека ги пренесувал остатоците во пластични кеси, на најмалку 29 жени, на возраст од 15 до 26 години. Овој 45-годишник во својот стан очигледно ги облекувал телата и скелетите во чорапи и фустани, а една дури ја направил да личи на плишано мече. Сите биле почината години пред тоа.
Неговото изопачено „хоби“ го откриле родителите враќајќи се од одмор. Москвин, според зборовите на соседите, понекогаш спиел во ковчег или на клупа на гробишта. Тој изјавил дека посетил повеќе од 750 гробишта во западна Русија за да ја задоволи својата фантазија, иако не е јасно кога почнал со откопување на гробови.
Пред неколку дена, психолозите кои го вештачеа неговото ментално здравје, соопштија дека тој е подготвен да оди дома, дека е излечен и безопасен. Сепак, неговото пуштање зависи и од друго вештачење кое е закажано за 24 октомври.