Поминаа 72 часа и нема нови починати од тие што ја преживеаја трагедијата во Кочани, изјави Таравари
Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата.
-Последниот транспорт на пациенти е денеска. Веќе нема да има лекување на пациенти надвор од државата, дури може да чекаме некои и да се враќаат во следните денови. Денеска има само за Шведска, и тука завршуваме. Веќе нема потреба за друигте пациенти да се лекуваат надвор од државата, рече Таравари на денешната прес-конференција.
Како што додаде, добрата вест е што поминаа 72 часа и нема починати. Сите пациенти се во стабилна состојба.
-Добрата вест е што поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаа трагедијата во Кочани. Вкупно, се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи, од кои што 64 се во болниците во Македонија во државните болници, и 13 пациенти се во приватните болници. Сите се во релативно стабилна состојба, додаде министерот.
Тој напомена дека во моментот, 101 пациент се третираат надвор од државата и тие се во релативно стабилна состојба.
Ново на Сител
-
Младите се помалку се обучуваат за спасители на вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош