Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 989 илјади во четвртото тримесечје од 2024 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 0.3 %, во приградскиот превоз е намален за 8.2 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 5.9 %, а во меѓународниот превоз е зголемен за 100.5 %.
Во четвртото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 24.8 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 15.1 %, во приградскиот превоз е зголемен за 11.2 %, во меѓуградскиот превоз е намален за 1.2 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 41.2 %
Ново на Сител
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР