Свет
9. January 2018 - 14:23

Полскиот претседател разреши неколкумина министри

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска разреши неколкумина членови на Владата, меѓу кои и министерите за надворешни работи Витолд Вашчиковски, за одбрана Антони Мачеревич и за животна средина Јан Шишко.

Западните медиуми овој потег на Дуда го оценуваат како обид на Варшава да ги подобри односите со ЕУ, кои се загрозени по обвинувањата од Брисел дека се поткопуваат стандардите за владеење на правото.

Витолд Вашчиковски

Европската комисија, кон крајот на минатиот месец, го активираше Член 7 од Лисабонскиот договор против Полска, што би можело да доведе до воведување санкции кон земјата.

Полска доби рок од три месеци да ја подобри состојбата, со цел да избегне санкции.