Полската опозиција се обиде насилно да внесе осудени поранешни пратеници во парламентот
Пратениците на опозициската партија Право и Правда денеска се обидоа насила, во поголема група, туркајќи го кордонот на гардата на Парламентот, да внесат на седницата на Сејмот двајца нивни законски осудени поранешни пратеници, на кои тврдат дека не им бил одземен мандатот, бидејќи претседателот Анджеј Дуда ги помилувал.
-Тоа е кршење на правата, одземање на правото на поголема група гласачи да имаат претставници во Сејмот. Тоа е авторитарна власт, ова се пратеници кои не можат да влезат во Сејмот.
Дали претседателот на Сејмот се плаши од двајца пратеници? Какви се овие безбедносни мерки?, рече претходно преку влезот Мачеј Воншик, поранешен заменик, поранешен заменик министер за внатрешни работи.
Лидерот на Правo и Правда, поранешниот премиер Јарослав Качињски ја обвини новата полска влада за широка проевропска коалиција предводена од премиерот Доналд Туск како „банда крадци“, која се плашеше од шпионскиот софтвер „Пегазус“ кој владата на Качињски го доби од Израел за да се бори против терористите и криминалците и го користеше за шпионирање на тогашната опозиција.
На Воншик и на поранешниот министер за внатрешни работи Мариуш Камињски им се заканува ново судење доколку специјалната собраниска комисија за софтвер Пегаз потврди дека претходната власт незаконски го користела против тогашните политичари од опозицијата.
Иако група пратеници од опозицијата, меѓу кои и Воншик и Камињски, неуспешно се обидоа да ги оттурнат чуварите на влезот, Качињски рече дека не сметаат на употреба на сила.
Камињски и Воншик беа осудени во 2015 година како поранешни шефови на Централното биро за борба против корупцијата за злоупотреба на службената положба, фалсификување документи и прислушување без судско одобрение во обид да го влечат Анджеј Лепер, непријатен помал коалициски партнер во владата на Партијата Право и Правда, во корупцискиот случај во 2007 година.
Претседателот Дуда потоа ги помилува, но Врховниот суд на Полска минатата година пресуди дека тој нема право на тоа до правосилноста на пресудата и побара судењето да се обнови, а на крајот на декември тие беа осудени на две години во затвор, кои автоматски им го одземаа пратеничкиот мандат и беа уапсени во Претседателската палата на 9 јануари.
По две недели поминати во затвор, претседателот Дуда повторно ги помилува, овојпат согласно законот, а шефот на државата и неговата партија Право и Правда инсистираат Воншик и Камињски и понатаму да се пратеници.
Дуда се закани дека ќе ги испрати до Уставниот суд сите закони што ги донесе парламентот на ова свикување бидејќи, според него, тие не можат да стапат во сила, бидејќи се донесени во парламентот без двајца пратеници.
Ново на Сител
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Русија ќе се брани со нуклеарно оружје доколку е цел на ракетен напад, Путин потпиша декрет