Свет
23. December 2015 - 8:54

Полска парламент усвои спорни законски мерки за уставниот суд

Полскиот Парламент усвои синоќа спорни законски мерки, кои ја уредуваат дејноста на уставниот суд. Критичарите тврдат за нив дека ќе ја парализираат неговата работа, како и дека тој нема да може да врши контрола врз новата десничарска влада во Полска. 

Законските мерки беа усвоени со 235 гласови „за“, наспроти 181 „против“ во долниот дом на Парламентот по жестока дебата.

Полска е подложена на се посилни критики на меѓународен и внатрешен план заради обидите да го неутрализира судот.

Во изминатите седмици имаше големи улични протести на приврзаниците на двете страни во спорот. 

Противниците тврдат дека дејствијата за воспоставување контрола над судот се напад врз демократските вредности на Полска.