Свет
24. November 2017 - 19:09

Полска од 2020 година воведува целосна забрана за работа во недела

Полските парламентарци денеска усвоија закон со кој постепено сите продавници ќе мора да бидат затворени во недела.

Долниот дом на Парламентот, со 254 гласови за, 156 против и 23 воздржани, се изјасни дека може да се работи само во првата и последната недела од месецот, додека целосната забрана за работа во недела ќе биде на сила од 2020 година.

Ќе има исклучоци - шопинг во недела пред големите празници како Божик и Велигден.

За „зелено светло“ на законот потребна е согласност од Сенатот и претседателот Анджеј Дуда.