Loading Video...
Свет
23. January 2023 - 16:31

Полска најави дека ќе ги испрати тенковите „Леопард 2“ во Украина

Полска најави дека ќе ги испрати своите тенкови од германско производство „Леопард 2“ во Украина дури и ако Германија не одобри или не сака да и се придружи. Варшава се залага и другите земји кои ги имаат германските тенкови да го следат нејзниот пример. Украина долго време ги бара германските борбени тенкови. Берлин засега е неодлучен, а полскиот премиер изјави дека Варшава врши силен притисок врз германската влада да ги стави на располагање своите „Леопарди“.

- Тие имаат над 350 активни „Леопарди“ и околу 200 во складиште. Затоа, Германија навистина може да и помогне на Украина, која се бори, денес, бидејќи оваа борба значи борба за безбедност и мир во Европа, изјави полскиот премиер Матеуш Моравиецки.

Западната воена помош за Киев само ја одолговлекува војната а конфликтот меѓу Москва и Западот повеќе не може да се дефинира како хибридна војна оцени изјави шефот на руската дипломатија.