Полска ќе казнува за тврдења за нејзина вмешаност во Холокаустот
Полскиот Сенат рано изутринава го усвои Законот со кој се предвидени казни за изнесување тврдења за учество на Полска во нацистичките злосторства на нејзина територија за време на Втората светска војна.
Сенатот го усвои Законот со 57 гласови „за“ и 23 „против“, откако минатата недела тој беше одобрен и од Долниот дом на полскиот Парламент, Сејмот.
Покрај казнувањето за тврдењата за учество на Полска во Холокаустот, со Законот се забранува и нацистичките концентрациони логори на нејзина територија да се нерекуваат „полски“.
За прекршување на одредбите од законот се предвидени парични казни, но и затвор до три години.
- Мораме на светот да му пратиме јасен сигнал дека нема да дозволиме да продолжат навредите на сметка на Полска, изјави полскиот заменик министер за правда Патрик Јаки.
Законот наиде на жестоки критики во одредени кругови во САД, но и во Израел, кои ја обвинија Полска дека „сака да ја прекројува историјата и да го негира Холокаустот“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?