Полска и Литванија тврдат дека границата со Белорусија не е затворена
Границите на Полска и Литванија со Белорусија функционираат нормално, изјавија официјални лица на тие држави откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека земјата е принудена да ги затвори границите со Полска и Литванија, како и да ги зајакне граничните контроли со Украина.
Портпаролот на полската Влада Пјотр Милер во порака наведува дека државата не добила никаква потврда дека границата со Белорусија е затворена, додека Министерството за надворешни работи и соопшти дека границата функционира нормално.
Полскиот заменик министер за надворешни работи Павел Јаблонски нагласи дека неговата држава го разбира соопштението на Лукашенко како „уште еден елемент на пропагандната кампања, психолошка игра која има за цел да создаде чувство на надворешна закана“.
Шефот на граничната полиција во Литванија исто така вели дека границата работи како и обично.
Литванскиот министер за надворешни работи Линас Ликевичиус рече дека тие не знаат што значи најавата на Лукашенко.
Ново на Сител
-
МФ: Исплатата на плати, како и другите буџетски расходи се реализираат врз основа на обезбедени средства во буџетот
-
САД најавуваат 2,2 милијарди долари за ново оружје и муниција за Украина
-
На 9.април ќе се трча 11.то издание на Женска трка
-
Почина модниот креатор Пако Рабан
-
Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“
-
Уапсен 19 годишник од Слупчане - при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кина: Наводниот шпионски балон над САД е метеоролошки уред
-
Мицкоски: Власта не ги решава проблемите на земјоделците