Полска го повика унгарскиот амбасадор поради азил за поранешниот министер
Полска го повика унгарскиот амбасадор на разговор и го отповика на консултации својот амбасадор денеска во знак на протест против „непријателскиот чин“ на Будимпешта да му даде азил на поранешниот полски заменик министер кој се соочува со обвиненија за корупција.
- Унгарскиот амбасадор во Полска ќе биде повикан денеска… за да добие официјален протест од полската страна, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, додавајќи дека потегот за азил го смета за „непријателски чин“. „Министерот за надворешни работи одлучи да го отповика полскиот амбасадор во Унгарија на консултации“.
Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гуљас, вчера изјави дека земјата му дала статус на бегалец на полскиот пратеник, Марцин Романовски.
Романовски, пратеник од десничарската партија Право и правда (ПиС) и поранешен заменик министер за правда, е обвинет за 11 различни прекршоци од полските обвинители.
Обвиненијата против него вклучуваат учество во организирана криминална група и обид за проневера на средства во вкупна вредност од речиси 40 милиони евра од фондот за жртви на криминал, кој тој го надгледувал.
Романовски беше уапсен во Полска, но неговиот притвор подоцна беше оценет од страна на полските судови за незаконски, бидејќи тој имаше пратенички имунитет како член на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат