Полска би можела да го загуби правото на глас во ЕУ
Европската комисија денеска би можела да започне процес за одземање на правото на глас на Полска во рамки на институциите на ЕУ, соопшти неименуван извор од седиштето на Унијата во Брисел.
Најавата за одземање на полското право на глас во ЕУ доаѓа во време на кулминација на повеќемесечните тензии меѓу Брисел и Варшава, во врска со измените на законите за судскиот систем што ги спроведува конзервативната популистичка Влада на Полска.
ЕУ оценува дека со законските измени, полската Влада ја поткопува независноста на судството и се обидува да го стави по своја контрола судскиот систем во земјата.
Според најавите од Брисел, Европската комисија денеска би можела да го активира членот 7 од Лисабонскиот договор, со што би ја санкционирала Полска под обвинение за кршење на човековите права и демократските вредности.
- Доколку полската Влада не ги одложи реформите во судството, ние ќе немаме друг избор освен да го активираме членот 7, изјави неименуваниот извор од Европската комисија.
Новиот полски премиер Матеуш Моравјецки минатата недела изјави дека Брисел ја донел одлуката за казнување на Варшава уште во јули кога порпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс ја предупреди Полска дека е „опасно близу“ до санкции.
Сепак одлуката за одзмање на правото на глас на Полска, би можело да биде блокирано од страна на Унгарија, која важи за еден од најблиските сојузници на Варшава во ЕУ.
Еврокомисијата денеска ќе одржи седница на која, меѓу точките на дневниот ред е и состојбата со измените во судскиот систем во Полска.
Аналитичарите оценуваат дека евентуелното одземање на правото на глас на Послка од страна на Еврокомисијата би претставувал настан без преседан во историјата на ЕУ.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?