Македонија
27. May 2020 - 16:52

Политичките аналитичари очекуваат бројот на новозаразени да влијае врз партискиот рејтинг пред избори

Епидемиолошката слика по релаксацијата на мерките може значително ќе влијае на рејтинзите на политичките партии. Откако стана извесно дека изборите ќе се одржат на почетокот на летото, политичките аналитичари велат дека големо влијание на изборните резултати може да имаат извештаите кои секојдневно ги лиферува министерството за здравство.

Политичките аналитичари се согласни дека во ситуација на поголеми кризи, како оваа со пандемијата на Ковид 19 гласачкото тело почнува да сочувствува со институции а тоа обично носи политички поени на контото на власта. Токму тука лежи и причината поради која голем број лидери се решаваат од карантин граѓаните директно да ги извадат пред избирачките кутии. Причина плус според Божиновски е фактот што овој феномен на сочувство има многу краток рок и веднаш по релаксацијата на мерките партиските рејтинзи се враќаат во нормала.