Полицискиот час во Албанија од утре се намалува за два часа
Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата со ковид-19, донесе неколку олеснителни мерки, меѓу кои и намалување на времетраењето на полицскиот час за два часа.
Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, која е член на комитетот, објавувајќи ја одлуката за олеснување на некои мерки во земјата, рече дека тоа е поради стабилизирањето на епидемиолошката состојба и напредокот во процесот на вакцинација.
-При проценка на состојбата во последните 6 недели, Комитетот на експерти донесе одлука ограниченото движење да трае од 22:00 до шест часот. Исто така, имајќи го предвид значителното подобрување на состојбата во Обединетото кралство, земја пример со имунизација, одлучивме повторно отворање на летовите со оваа земја, изјави Манастирлиу.
Настава во сите нивоа на образование, освен за матурантите продолжува онлајн.
Истакнувајќи дека олеснувањето доаѓа како резултат на многу подобрената епидемиолошка состојба и поради светиот месец Рамазан, Манастирлиу апелираше до граѓаните да продолжат со строгото почитување на анти-ковид мерките.
-Процесот на имунизација продолжува според утврдениот план. Во тек е вакцинацијата на лицата над 65 години, а в понеделник почнуваме со хронично болицата над 60 години, кои се пријавени а и сеуште може да се пријават кај нивните матични лекари. До сега вкупно се вакцинирани 256.848 лица, од нив 182.669 стари лица, рече таа.
Одлуката на Комитетот на експерти стапува во сила утре (12 април) и се однесува за следните две недели.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка